БРЕИНОБРЕИН ГИНИСОВ РЕКОРД

СЕКОЈ ГОЛЕМ УСПЕХ ГО ПРОСЛАВУВАМЕ СО ГОЛЕМА ЗАБАВА НАШИТЕ БРЕИНОБРЕИН УЧЕНИЦИ РУШАТ ГИНИСОВИ РЕКОРДИ

Единаесет Бреинобреин ученици од нашата држава, кои учествуваа на Интернационален Бреинобреин натпревар во Дубаи се стекнаа со престижни сертификати од Гинис ,,Сертификат за поставен Гинисов рекорд за најголем одржан час по ментална аритметика”. Со сертификат од Гинис се стекна и нашиот Бреинобреин едукатор, Валентина Кузмановска од Бреинобреин Црвен Крст Охрид. Во конкуренција од 3200 учесници, нашите Бреинобреин ученици од Охрид и Кочани, покрај сертификатот од Гинис, се стекнаа и со трофеи – највисока награда, на интернационалниот натпревар во Дубаи. Голема благодарност до Бреинобреин Црвен Крст Охрид и Бреинобреин Кликер Кочани за значаен придонес во афирмација на Бреинобреин. Сертификатите на нашите генијалци и благодарници за тоа што ја претставија нашата земја успешно и достојно, им ги доделивме на 12 мај и продолживме со супер забава на која дечињата се забавуваа заедно со нивните другарчиња. Нивниот успех може да послужи само како поттик за другите бреинобреиновци да постигнуваат поголеми успеси во иднина.