Бреинобреин програмата е иновативна меѓународна програма за развој на интелектуалните и животните вештини и способности кај децата на возраст од 4 до 14 години. Сите наши тренери се со завршено високо образование и имаат искуство во работа со деца.
Програмата има две основни цели:
Целосен развој на мозокот(со користење на Абакус Ментална Аритметика и ВАК методи)
Развој на личноста (со помош на НЛП техники)

Нашиот мозок се состои од две хемисфери – лева и десна. Секоја хемисфера на мозокот е одговорна за одделна функција и способност.
Левата хемисфера е одговорна за: рационалост, аналитички способности, логика, истражувачки способности, изучување на јазици, комуникациски вештини и др.
Десната хемисфера е одговорна за: визуелизација, креативност, творештво, интуиција, емоции, креативност, имагинација и др.
Кај повеќето луѓе левата хемисфера е доминантна, што се должи главно на традиционалните методи на обучување, што води до нецелосен развој на десната хемисфера.
Повеќето проучувања за развојот на мозокот кај децата покажале дека има помала употреба на врските (синапсите на мозокот) мeѓу левата и десната хемисфера.
Бреинобреин програмата е за истовремено активирање на двете страни на мозокот, зашто тогаш активноста и продуктивноста кај децата се зголемуваат и водат до успешни резултати.

Користиме Абакус методологија која е комбинација од Аритметика заедно со ВАК методите:

  • Визуелно (гледање)
  • Аудитивно (слушање)
  • Кинестетички (допирање, опипување)

Тоа е докажано најбрза и најефективна форма за учење и помнење, кога информациите се добиваат истовремено преку две или повеќе сетила (вид, слух, допир…) Со користењето на методата Абакус се создава врска меѓу левата и десната хемисфера на мозокот и се постигнува балансирање на двете хемисфери и искористување на целосниот мозочен потенцијал.

Абакус е древно азијатско сметало кое се користело многу векови уште пред пронаоѓањето на современите бројни системи.
Денес се користи за умствена гимнастика. Абакусот како инструмент со процесите во рамки на ВАК методите и математиката, придонесува за целосен развој на мозокот кај децата.
Децата се учат да ги визуелизираат топчињата на Абакусот (визуелно сетило), синхронизирани со магични зборови (слуховно сетило), така продолжувајќи со конкретни користења или движења на топчињата на Абакусот (кинестетичко сетило), за да се добие одговор на поставената задача.
При тој процес се извршува интензивно тренирање на мозокот, што води до генијални способности кај децата.

Невро-лингвистичкото програмирање ги изучува процесите на мислење, комуникација и однесување. Го проучува начинот на кодирање на информацијата, што овозможува да се постигнат целите и саканите резултати.
НЛП е процес на моделирање на сознајните и несознајните модели на поведение, при што се генерира висок потенцијал, кој е уникатен и индивидуален кај секој човек.
Користењето на НЛП кај децата води до позитивно мислење, развој на самосвесност, мотивација за фокус на постигање на тешките цели.
Со зголемување на информираноста за себеси и околината, тие стануваат самостојни во своите дејства и развиваат лидерски вештини.

Кога децата визуелизираат, тие успеваат многу подобро и поефективно да ја разберат средината која ги опкружува.
Визуелизацијата не само што го подобрува општото разбирање, туку и децата започнуваат да се насладуваат на сите дејности, независно дали станува збор за читање, пишување или математика.

Обучени тренери, кои на интерактивен и забавен начин осигуруваат обука која се заснова на:

  • Информацијата, која се усвојува преку визуелните, слуховните и кинестетичките сетила
  • Концептуална обука
  • Можности за подобрување при читање, слушање и математика.
  • Индивидуален пристап кон секое дете во групата

  • Подобрување на помнењето и концентрација
  • Визуелизација и креативност
  • Насоченост, брзина и точност
  • Одлични аритметички вештини
  • Лидерство, решителност, самосвесност
  • Развиена фотографска меморија
  • Развој на мултитаскинг способности

  • Должината на еден Бреинобреин час е 120 минути еднаш седмично
  • По секое ниво се полага тест и по успешното завршување се добива меѓународен сертификат
  • Групи од 5 до 15 ученици со индивидуална посветеност на секое дете
  • Децата кои ја започнуваат програмата треба да знаат да ги распознаваат броевите од 1 до 10

Програмата е предвидена за деца со нормален умствен, физички и емотивен развој.
Фокусот на програмата е целосен тренинг на мозокот и развој на личноста, стекнување животни вештини и способности, кои детето ќе ги користи во секоја академска област или дејност.

Препорачани се секојдневни 15 минутни вежби со Абакус и редовно посетување на учебните делови од програмата.

Најважно нешто за родителите е да го разберат значењето на програмата, а потоа и да им осигураат поддршка и помош на децата, за да се постигне резултатот кој што го предвидува програмата.
Помошта е најважна во првиот степен, кога децата треба да бидат насочувани редовно да го користат Абакусот дома – со правилни движења на Абакусот, паралелно синхронизирани со изговарање на магичните зборови.

Центри