Бреинобреин летен камп 2019

Бреинобреин Македонија, со поддршка и помош од Бреинобреин Црвен Крст – Охрид, за време на летото организира БОБ летен едукативен камп.

Време на одржување: 14 – 20 јули 2019 год.
Место: Едукативен тренинг центар „Солферино” – Струга
Целна група: Деца од 7 – 14 год.(и над) кои ја посетуваат БОБ програмата во центрите низ цела Македонија или ја имаат комплетирано истата, во придружба со нивните тренери.
Цена: 8 000 ден.

Цената за летниот камп вклучува 6 полни пансиони (сместување во локалитетот со три главни оброци и две ужинки), едукативни работилници, спортски активности, креативни работилници, тренирање абакус и МА вештини, посета на музеи, излети во непосредната средина (Вевчани), безбедност при користење на плажа, здравствена заштита и многу забавни содржини.

Во цената не е вклучен превозот до и од местото.

Во интерес на времето, организирањето и потврдувањето на крајната бројка на дечиња, ве молиме присуството на вашето дете пријавете го најдоцна до 01 јуни 2019 година кај вашиот Бреинобреин тренер.

За деца од исто семејство второто дете има попуст 10% или 7 200 денари.

Начинот на плаќање може да се изврши на две рати:

  • прва рата до 20.06.2019 год. Во износ од 4000 денари
  • втора рата до 20.07.2019 год. Во износ од 4000 денари

Дополнително ќе добиете информација за начинот на уплата како и детална дневна програма.

Секое дете учесник на кампот ќе добие сертификат за учество, маичка и други изненадувања.

Подгответе се за незаборавно искуство. Не пропуштајте ја единствената можност да бидат дел од кампот заедно со своите врсници од БОБ програмата. Да им овозможиме на децата да учествуваат во една незаборавна летна авантура која долго ќе ја прераскажуваат.

Со почит,
Тимот на Бреинобреин Македонија